Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

ПОСЛЕДЕН ЗБОР

Воислав Санев

(1938 - 2007) археолог

На 7 април во Скопје згасна животот на Воислав Санев, еминентен археолог и научен работник.

„Воислав Санев беше високо признат и почитуван археолог од страна на добрите познавачи на праисторијата, особено на неолитот во Македонија и на Балканот. Неговите трудови ќе останат како азбучник за генерациите што ќе се едуцираат во сферата на праисториската археологија“, се зборовите со кои од својот член деновиве се простува и Македонското археолошко научно друштво.

Роден е во Кочани(1938), со основно и средно образование Санев се стекнал во Македонија, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград на Катедрата за археологија. Од 1963 година работел во Народниот музеј во Штип, а во Музејот на Македонија се префрлил во 1975 година каде што и се пензионираше. Беше раководител на музејскиот Оддел за археологија и постојано се занимаваше со истражувачка теренска и кабинетска работа, оставајќи зад себе 40-ина отпечатени трудови со широк опус од македонската археологија. Беше претседател на Одборот за заштита на спомениците на културата во Штип; член на Одборот за Стоби, в.д. директор на Музејот на Македонија; претседател на Македонското археолошко научно друштво; дел од уредувачкиот тим на „Археолошка карта на Република Македонија“, како и на стручните списанија „Зборник“, Штип; „Археолошки зборник“, Скопје; Macedoniae Acta Arheologica и др.

Ги истражуваше неолитските населби во земјава: Анзабегово, Горубинци, Велушка тумба (Битолско), Мала тумба-Трн (Битолско), а најмногу се посвети на истражувањата на неолитската населба Тумба, Маџари (Скопско).

По повод смртта на Воислав Санев, утре во 11 часот во киносалата на Музејот на Македонија ќе се одржи комеморативна седница. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 1605 пати.

Испрати коментар

Од: arheolog
Датум: 12.04.2007 08:48:37
Bog da go prosti. Slava mu
Од: Marija
Датум: 12.04.2007 11:38:03
G-din Sanev bese eden od malkute arheolozi koi nesebicno go prenesuvaa znaenjeto i iskustvoto na pomladite generacii. Studentite koi imaa prilika da rabotat so nego mozat da go potvrdat toa. Makeodnskata nauka zagubi golem znalec.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
Си велам
Ерол Ризаов
Поглед
Слободанка Јовановска
Мислења
Јосиф Ќурчиев
МПМ подарува книги за училишни библиотеки

Живот на чинија: Ивица Маринковиќ
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!

Фидел Кастро
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците